Со приказната за сродство меѓу грофот Дракула и принцот Чарлс, Романија ќе привлекува туристи

Објавено на 7 ноември, 2012 во 10:55

Романија ќе привлекува британски туристи со приказна за поврзаноста на принцот Чарлс и грофот Дракула, за што како што велат од Националното туристичко  биро принцот сам зборувал лани.

 

На саемот за туризам World Travel Market што се одржува во Лондон е изложена брошура во која детално е опишано сродството помеѓу принцот и грофот,средновековниот владетел на кнежевството Влахија,Влад Трети Тепеш,кој поради својот лош однос станал прототип за ликот на Дракула.На штандот романците презентираат видео каде британскиот принц Чарлс со насмевка зборува за неговата љубов кон Романија,информираат британските медиуми.

„Трансилванија ми е во крвта а генеалошката врска укажува дека моето потекло е од Влад Тепеш па јас на тој начин сум дел од таа земја“,вака изјави принцот Чарлс  лани за романска сателитска телевизија.

На родовото стебло е насликано дека британскиот принц е правнук на романскиот кнез Влад од шеснаесетто колено. Принцот Чарлс своите симпатии кон Романија ги потврди пред 6 години кога купи фарма во Трансилванија која се промовира како татковина на грофот Дракула и еден дел во годината како хотел е отворена за туристи.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.