Откажани илјадници летови поради закани од нова бура на источното крајбрежје
На аеродромите на источното крајбрежје на САД се откажани неколку илјади авионски летови во очекување на нова бура,што се очекува да ги зафати Њујорк и Њу Џерси.
Прогнозите се дека силните ветрови се очекува да надминат и брзина од 100 километри со што би предизвикале застој на работите на обнова на инфраструктурата, а не е исклучена можноста да дојде и до прекини во електромрежата.Ако претходната бура Sandy, предизвика значителни последици со огромни материјални штети се очекува новата бура да предизвика повторно нови оштетувања со оглед на тоа што инфарструктурата после претходната бура сеуште не е зацврстена.
Моментно стотици илјади граѓани се исклучени од електромрежата а полицијата постојано алармира на подготвеност во очекување на новата бура.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)