Откриени наоѓалишта на злато во Србија

Објавено на 8 ноември, 2012 во 11:44

Наоѓалишта на златна руда, со чија преработка би можело да се добијат околу 30 тони чисто злато,се откриени на планината Црн врв во источна Србија,објавија во средата српските медиуми.

„Avala Rasourses” канадска компанија која работи на истражување на минералните жици во источна Србија,на територијата што ја испитува на планината Црн врв,открила златни жици кои содржат рудни резерви од кои со понатамошна преработка може да се добијат 30 тони злато  и со оние претходно откриени резерви овде,излегува вкупно 72 тони злато.

Претставник на компанијата за белградската агенција Бета изјавил дека во моментот се концентрираат на техничките и економските аспекти од кои потоа ќе дознаат дали ваквиот рударски проект ќе биде изводлив.

Агенцијата објавува дека компанијата до крајот на годинава треба да објави откривање на уште едно вакво помало наоѓалиште во истиот регион.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.