Дефект во романската нуклеарка „Црна вода“!
Објавено: 8 ноември, 2012, во 13:56 часот
Тоа е причина што е исклучен еден од двата реактори, јавуваат романските медиуми. Автоматскиот систем за безбедност го исклучи вториот реактор на нуклеарната централа и се испитуваат причините за запирањето на работата.
Не се случи истекување на радиоактивен материјал од нуклеарната централа. Работниците кои работат во неа се безбедни.
За една година романската нуклеарка се исклучи два пати. Лани во декември поради истекување на дестилирана вода исто така беше исклучен еден од реакторите на „Црна вода“.
