Словенците во сабота на масовни мирни протести!
Објавено на 17 ноември, 2012 во 08:56
Граѓаните ќе протестираат во Љубљана против владините мерки за штедење. На протестите, на плоштадот во центарот на Љубљана, ќе се соберат повеќе илјади синдикални активисти и други демонстранти од цела Словенија, објавија словенечките медиуми.
Според организаторите на масовните протести не се очекуваат нереди и инциденти туку мирни и демократски протести против мерките за штедење какви што се одржуваат низ цела Европа.
„Протестите се легитимни, но не се вистински одговор за проблемите во кои се наоѓа земјата,“ рече премиерот Јанез Јанша.
Словенечката влада, најави дека платите на вработените во јавниот сектор следната година ќе бидат намалени како резултат на мерките за намалување на буџетскиот дефицит на 3 отсто од БДП.