Годинава, бројот на убиени новинари е најголем!

Објавено на 22 ноември, 2012 во 15:25

Сто и деветнаесет новинари се убиени годинава додека ги извршувале своите работни задачи на терен.

Според податоците на Меѓународниот институт за медиуми оваа бројка е најголема досега откако институцијата почнала систематски да ги регистрира убиствата. Дел од новинарите загинале додека биле на задача, но повеќето од нив биле жртви на намерни убиства.  Најкритична за новинарите годинава била Сирија. Таму се убиени дури 36 новинари и десетици други медиумски работници.  Новинарите се убивале со цел да  се спречи дистрибуцијата на информации кои би можеле да ги загрозат пропагандните обиди на страните во судирите.  Во одвоени напади годинава се убиени 16 новинари во Сомалија. Зад нив се Мексико, Пакистан и Филипините. По опасност за новинарите не заостанува ниту Африка, каде годинава се убиени 27 новинари.  Но и покрај обидите да се стави крај на убиствата врз новинарите, ситуацијата е алармнатна.

Меѓународниот институт за медиуми  на 23 ноември ќе им се придружи на новинарите и гртаѓанските здруженија од целиот свет во одбележувањето на меѓународниот ден на ставање крај на незаконитоста.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.