Италјанските новинари ќе штрајкуваат
Објавено на 23 ноември, 2012 во 10:10
Затворската казна за клевета во предложениот закон за медиуми е причина за штрајк на Националното здружение на новинари во Италија, штрајкот е најавен за во понеделник.
Новинарското здружение не согласува со законот во кој се предвидени затворски казни за новинарите во чии текстови ќе биде изнесена клевета.
Законот, од друга страна, ја намалува казната за уредниците која се ограничува само на парична казна во висина до 50 илјади евра.