Англиски Мирор: Бебешки шок – Мајка родила двапати за само седум месеци!

Објавено на 29 јануари, 2013 во 20:30

Нишајќи  го своето  бебе старо седум недели  Леа Баверстој само што почнува да се навикнува на идејата да биде мајка.Таа е исцрпена и не се чувствува баш најдобро, но претпоставува дека тоа  е нормално, толку бргу по породувањето.

Всушност се случуваше нешто многу невообичаено- таа повторно беше бремена и тоа две недели.

 

И што е уште понеобично, Леа го роди второто само седум месеци и шест дена по првото бебе.

Дваесет годишната келнерка Леа стана мајка кога го роди синот Адам два месеци предвреме, на 23 март минатата година.

На 29 октомври, следеше ќерката Лејси која исто така се роди три месеци порано.Леа  вели:  „Не можев да поверувам кога дознав сум бремена само пет недели откако го родив Адам. Најпрвин помислив   „О, не – не повторно. Бев навистина шокирана некое време.

Но, идејата растеше во  мене. И кога ми кажаа дека е  девојче,  бев воодушевена , бидејќи  имав по едно од обата пола  и знаев дека не би сакала ништо повеќе”.

Леа признава дека иако отсекогаш знаела дека сака деца, работите не оделе според планот.

Нејзиното дваесет и пет годишно момче ја оставило откако дознало  дека очекува негово дете, вели таа.

Тогаш Леа започнала  врска со друг маж кој се согласил да остане покрај  неа  и покрај тоа што детето не било негово.

Но, само што се вратила дома од болницата со нејзиното ново момче, Леа повторно забременила.

Двојката сакаше  свое дете и не користеа контрацепција – но никогаш не помислија дека тоа ќе се случи толку брзо.

Пред  да се роди Лејси, три месеци предвреме, нејзиното ново момче исто така ги напуштило, вели Леа.

Тоа беше далеку од начинот на кој таа се надеваше дека ќе започне нов живот со своето  мало семејство – но нејзината тага беше заборавена минатата недела кога Лејси за прв пат ја донесе дома, по речиси три месеци специјална нега.

Леа сега се пресели кај мајка и Тина, која се откажа од работата за да се грижи за двете новороденчиња.

Гордата Леа вели: „Отсекогаш сум сакала да бидам мајка, откако се сеќавам за себе“.

„Посебно чувство е кога имаш две бебиња толку близу“.

„Знам дека поради тоа тие ќе пораснат мошне блиски. Малку е тешко да ги имаш обете на толку млади години, но мајка ми многу ми помага“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.