Црна Гора: Преговорите со ЕУ одат според планот!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 21:57

Колегиумот на Црногорската влада за предпристапни преговори со ЕУ со кои претседавал премиерот Милан Ѓукановиќ констаирал дека динамиката на преговорите се одвива според планот.

Црногорската влада најави дека фокусот на преговарачкиот процес за полноправно членство во Европската Унија  ќе биде во подглавјето  судството и владеењето на правото во нивната земја

 

Се проценува дека Црна Гора успешно  ја  финализира преговорачката  структура и се очекува успешното завршување на процесот на проверка до крајот на  јуни оваа година.

Забележуваат дека земјата е целосно  посветена  на преговорите и покажува голем  професионализам. Сето тоа давало јасна потврда дека Црна Гора е посветена и ќе продолжи со истата динамика по патот за полноправно членство во ЕУ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.