Француските функционери со замрзнати плати!

Објавено: 8 февруари, 2013, во 00:02 часот

Министерот за јавни услуги на Франција, Марилиз Лебранш, соопшти дека во 2013 година нема да има ревалоризација на индексот кој служи за пресметка на плата во јавната администрација, пренесе Танјуг.

 

Преставниците на синдикатот на вработените во јавните служби, денеска, останаа разочарани по средбата со министерката Лебранш  бидејќи се надеваа дека разговорите ќе завршат со зголемување на платата.

Индексот според кој се пресметува плата на околу 5,2 милиони службеници ќе биде замрзнат годинава иако не бил променет од ревалоризацијата за 0,5 отсто во 2010 година.

Но, најавено е моментално превземање на мерки за подобрување на состојбата на вработените државни службеници кои се во категорија Ц, со најниска плата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.