Љубљана: Со солзавец врз демонстрантите!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 21:53 часот
Словенечката полиција вечерва употреби солзавец против 20.000 лица на протестот против политичката елита во центарот на Љубљана, пренесе словенечкиот портал 24.ур.
Незадоволните Словенци на „Третото општословенечко востание“побараа оставка од водечките политичари во земјата, меѓу кои и од премиерот Јанез Јанша, градоначалникот на Љубаљана, Зоран Јанковиќ, и пратениците во словенечкиот парламент.
Демонстрантите посебно незадоволство изразија против тврдењата на Јанша дека зад протестите од последните неколку месеци стои левичарската елита, која сака да ја урне неговата влада и дека е потребно да му се спротивстави на „левичарскиот фашизам“.
Јанша преку видео порака од Брисел, каде учествува на самитот на лидерите на ЕУ, им се обрати на своите поддржувачи кои денеска претпладне се собраа за да ја изразат поддршката кон неговата влада во центарот на Љубљана.
На овој собир имаше 12.000 лица и заврши мирно, а Јанша им се заблагодари на сите кои дојдоа и „на тој начин покажаа дека им е до татковината“.

Вечерва, учесниците на Третото општословенечко востание носеа транспаренти со пораки„Никој не не преставува, не сакаме парламент, улицата не ја даваме“, „Знаењето е моќ“, „Работници од сите земљи уединете се“, “Дојде време патриотите да ја бранат земљата“, а се слушаа и барања за оставка на премиерот Јанша и градоначалникот Јанковиќ.
Колоната со демонстранти запре и пред Банката на Словенија а пред парламенто,т на плоштадот Трг републике, заграден со заштитна ограда и полиција, беа извикувани пораки против „расипаните банкари“.
Демонстрантите на зградата на банката излепија летоци на кој пишува „Наш имот“.
Колоната со демонстранти ја предводеше камион со бина за говорниците и музичарите.
Напоредно со востанието се одржуваше „Протестивал“ на работниците од културата кои му се приклучија на Третото општословенечко востание. На нивната програма беа државната химна, партизански и други песни.
Над Љубљана леташе полициски хиликоптер а полицијата ги штитеше повеќето државни згради.
Првото сесловенечко востание беше одржано лани во втората половина на декември, а второто во јануари, годинава.
А.Ј
