Во млекото на „Дукат“ и „Виндија“ откриен афлатоксин!?

Објавено: 8 февруари, 2013, во 22:30 часот

Поради сомнеж за присуство на афлатоксинот М1, еден од наопасните токсини во производите, министерството за земјоделство на Хрватска нареди повлекување на некои производи на трајното млеко на производителите Виндија и Дукат.

Тоа се прави со цел да се заштитат потрошувачите, пишуваат медиуми во Хрватска.

На повисока концентрација на токсинот кај овие производители на млеко предупредија од БиХ откако во примерок на млекото открија поголемо присуство.

Од хрватскиот и останатите пазари од продажба се повлекуваат трајното млеко на Виндија со 2,8 % млечна маст кое има рок на траење до 24 и 31 мај како и до 3 јули 2013 година.

Од производите на Дукат се повлекуваат трајното млеко со 2,8 % млечна маст, со рок на траење до 24 јуни 2013 година и трајното млеко „Лагано јутро“ со рок на траење до 25 април 2013 година.

Извор : тпортал.хр

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.