Вонредна состојба на североистокот на САД, парализирани пет држави, загинаа шестмина!
Објавено: 9 февруари, 2013, во 17:42 часот
Загинаа најмалку шестмина Американции, околу 650.000 останаа без струја и греење додека цели области се во потполн застој поради блокиран патен сообраќај во снежната олуја на североистокот на САД.
Тројца од загинатите се во Канада.
Откажани се повеќе од 5.300 летови на околу 60 аеродроми.
Само неколку авиони успеале денеска да слетаат на три аеродроми во Њујорк. За денеска попладне е најавено отворањето на аеродромот Логан во Бостон.
Поради силен ветар кој достигна брзина поголема од 100 км/час се стравува од поплави во градовите покрај обалата. Некој куќи се евакуирани во повеќе општини во Масачусец. Таму запрено е напојувањето во нуклеарната електрана Плимут.
Снежната покривка во државите Њујорк и Конектикат ја премина висината од 60 сантиметри а во Бостон каде се очекува бурата најјако да удри можно е да достигне двојно повеќе.

Полицијата во државата Њујорк јавила дека едно лице загинало во автомобилска несреќа поради бурата.
Властите во погодените области повеќе денови апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови и да не тргаат на пат, а гувернерите на Масачусетс, Роуд Ајленд, Конектикат, Њујорк и Меин прогласиле вондредна состојба.
Во овие области е запрен патниот и железничкиот сообраќај.
Метеоролозите најавуваат дека ова ќе биде најголемата снежна бура во оваа сезона во североисточниот дел на САД.
Извор: Хина
