Македонската легенда, Влатко Стефановски одржа концерт во сараевски Колосеум!
Босанските медиуми воодушевени од музиката на виртуозот на гитара денеска пишуваат за феноменалниот концерт, за спојот на македонската етно музика и современиот рок.
„Легендата на македонската музика Влатко Стефановски, со неговото Трио, по подолга пауза во саботата навечер свиреше во главниот град на БиХ. Концерт во кои публиката навистина можеше да ужива се одржа во Колосеум,“ пренесе најчитаниот босански портал Klix.ba.
Последните две децении Влатко Стефановски се наоѓа на листата од стотина најдобри гитаристи во светот.
Начинот на кој тој свири на гитара се опишува како единствен и непоновлив, а доминантните емоции на сцената и меѓу публиката преставуваат совршен приказ и доживување на уметноста.
Токму на таков перформанс присуствуваше публиката во Колосеум, пишува Klix.ba
http://www.klix.ba/magazin/muzika/vlatko-stefanovski-odrzao-koncert-u-coloseumu/130210002
