Неделна репортажа – Замрзнати: Снежната бура „Немо“ во Бостон!
Силна бура во североисточните области во саботата го зароби коридорот Њујорк-Бостон во снежни наноси од еден метар.
Бурата ги заглави возачите на автопатите во текот на ноќта и натрупа толкави снежни наноси што некои сопственици на куќи не можеа да ги отворат вратите.
Над 650.000 домови и бизниси останаа без електрична енергија.
Бурата е причина за најмалку два смртни случаи во САД, вклучувајќи го оној во Њујорк кога еден човек загина возејќи трактор што го користел за расчистување на снегот и со кој излетал од патот.
Снег во висина од околу еден метар падна во Милфорд, а ветер со брзина од 131 км/ч е измерен во близина на Вестпорт.
Во областите југоисточен Масачусетс, Роуд ајленд и Њу Хемшир наврнаа 60 см снег. Снегот продолжува да паѓа.
Во Портланд и Мејн наврнаа над 73 сантиметри со што е урнат рекордот од 1979 година.
Патиштата во многу места беа непроодни. Низ поголемиот дел на Нова Англија, автомобилите покриени со снег личеа на бели грутки.
Улиците воглавно беа напуштени и безбедни за тимовите расчистувачи, а неколку осамени души ги шетаа кучињата или фотографираа.
Во финансискиот дистрикт на Бостон единствениот звук беше оној на машините што ги чистеа тротоарите.
На некои места расчистувањето на снегот беше полесно отколку на други локации.
Околу триесетина сантиметри наврнаа во Њујорк, но градот го „дочека куршумот“ и беше „во одлична состојба“ рече градоначалникот Мајкл Блумберг кој предвиде расчистување на улиците до крајот на денот.
Најголемите три аеродроми во Њујорк „Лагардија“, „Кенеди“ и „Њуварк“ по затворањето во вечерните часови, изутрината повторно функционираат.
Но стотици возачи ги напуштија возилата на нујоршкиот Лонг Ајленд каде имаше над 60 сантиметри снег, па заглавија и машините за расчистување.
Итните служби користеа возила за снег обидувајќи се да дојдат до заглавените возачи меѓу кои имаше такви што ја поминале ноќта во нивните автомобили.
Ричард Ебрехт, киропрактичар, излегол од канцеларијата на Бруклин во 3 часот попладне во петокот и се упатил кон неговиот дом на Мидл Ајленд, но заглавил шест, седум пати на автопатот на Лонг Ајленд и другите патишта.
„Бевме повеќемина од Лонг Ајленд. Си помагавме меѓусебно, копавме, туркавме“, рече тој. На крајот Ајледн се откажал и ја поминал ноќта во автомобилот, само на 3 километри од крајната дестинација.
Во 8 наутро, кога се разденило, пешачел до дома.
Н.Р
Извор: HUFFINGTON POST
