Протести во Бугарија против скапата струја!

Објавено на 10 февруари, 2013 во 23:39

Повеќе илјади Бугари протестираа во неколку градови, Софија, Пловдив, Варна и Благоевград поради високи сметки за струја извикувајки „мафија “ и бараа оставки.

 

Тие на протестите ги палеа сметките за струја и бараа повторно да се национализираат дистрибутерите на електрична енергија.

„Сите дистрибутери да исчезнат затоа што не молзат нас обичните граѓани со помош на државата“ рече Бугарин.

„Не можеме да платиме нешто што не го користиме, разбирате. Станот под мојот и оној над мојот немаат централно греење а јас за јануари добив сметка со цена од 150 лева за струја и 60 лева за греење на зградата. Ве прашувам дали тоа е нормално“ рече Бугарка.

Министерот за енергетика Дерјан Добрев, кого демонстрантите го погодија со топка снег, на новинарите им рече дека министерството наредило да се проверат сумите на сметките за струја кои се однесуваат на минатиот месец и новогодишните празници.

Иако струјата во Бугарија поскапе лани во јули, за 13 отсто, Бугарите сметките ги изненадија дури сега бидејќи ниската температура поттикна далеку поголема потрошувачка на електрична енергија./А.Ј

Извор: Труд.бг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.