Тригодишна генијалка!
Попаметна од Керол Вордерман. Тригодишно девојче и се придружи на Менса по тестот на интелигенција на руски јазик.
Паметно тригодишно девојче стана најмлад член на Менса со коефициент на интелигенција повисок од оној на Стивен Хокинг.
На умната Алис Амос и е загарантирано членство во здружението „Brain box“ по неверојатните 162 бода на тестот на интелигенција што го полагаше на руски јазик.
Нејзините родители се од Русија и го зборуваат овој јазик во нивниот дом во Гилдфорд, Суреј.
Малата генијалка, една од само 18 членови на Менса на предучилишна возраст сега официјално е призната за попаметна од професорот Хокинг чиј коефициент на интелигенција е 160.
Зачленувањето на Алис во елитниот IQ клуб во јануари значи дека таа се најде меѓу еден процент врвна популација во светот.
Таа ја победи математичката генијалка Карол Вордерман за 8 поени.
Г-дин Амос, менаџер за продажба во телекомуникации рече: „Алис всушност беше малку спора со зборувањето на почетокот, но потоа свативме дека прави голем напредок особено во читањето. Таа избираше броеви и учеше математика многу брзо и кога имаше две години и девет месеци прочита цела серија книги наменети за деца на петгодишна возраст. Таа често ја учи помалата сестра Кејти, на возраст од 18 месеци која учи копирајќи ја. Сфативме дека се повеќе е гладна за учење, веќе брои до 100, ги чита басните на Езоп и нивоата 4 и 6 на „ дрвото за читање“ на Оксфорд“.
Нејзиниот коефициент на интелигенција од 162 ја вбројува меѓу најголемите светски генијалци-починатите и живите.
Поранешните претседатели на САД Абрахам Линколн, Бенџамин Франклин и Бил Клинтон имале коефициент од 128, 160 и 137.
Наполеон Бонапарта имал 145, а Зигмунд Фројд е зад Алис со коефициент 156.
Менса има над 1000 членови на возраст под 18 години./Н.Р
Извор:Miror
Фотографија: SWNS
