Аленка Братушек нов мандатар на словенечката влада!

Објавено на 27 февруари, 2013 во 23:05

Словенечкиот парламент вечерва изгласа недоверба на владата на Јанез Јанша и истовремено ја поддржа кандидатурата на Аленка Братушек за мандатар за новиот состав на владата.

За оставка на владата гласаа 55 пратеници додека 30 за опстанок на владата на Јанша.

Братушек која е вршител на должноста претседател на опозициската партија Позитивна Словенија стана прва жена мандатар за состав на влада во Словенија иако постои сомнеж дека таа воопшто не ќе може да состави нова влада.

Новата мандатарка има рок од две недели да формира кабинет кој потоа ќе мора да ја добие поддршката на парламентот а воколку не успее да обезбеди коалициони партнери тогаш претседателот Борут Пахор ќе мора да закаже вонредни избори.

Извор : Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.