Радиоактивни кујнски садови во Црна гора!

Објавено на 1 март, 2013 во 23:55

Тенџериња, тавчиња, лажици, вилушки и ножеви стигнале на крајот на 2012 година од Индија во италијанскиот регион Пуља а дел од нив бил испратен во Црна гора и на Малта, пренесува италијанскиот весник „ Журнал“.

Весникот пишува дека стоката стигнала во Италија на 21 декември, минатата година, а на 1 февруари биле готови резултатите од лабораториското испитување кое Санитарната инспекција го направила на два примерока на спорната роба.

Пратката со радиоактивен прибор за кујна била регуларно увезена во Италија но во подоцнежните лабораториски испитувања на санитарната служба било утврдено дека се изработени од материјали кои се ефтини и штетни по здравјето на луѓето затоа што содржат кобалт.

Стоката од Индија била увезена преку италијанска компанија која тврдела дека не знаела оти производите се изработени од штетни материјали.

Оваа компанија сега соработува со италијанските институции кои се обидуваат преку документите за увоз да дојдат до произведувачите а радиоактивните производи да се повлечат од продажба.

Во тек е постапка за информирање на препродавачите во повеќе италијански градови за враќање на набавената стока на сметка на фирмата која го увезла радиоактивниот прибор за домаќинство./Б.Н.Т

 

Извор : Блиц

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.