Италија и Србија добри соработници

Објавено на 4 март, 2013 во 11:52

Амбасадорот на Италја во Белград Армандо Варикио ги пофали напорите на Владата на Србија во сузбивање на корупцијата и организираниот криминал.

Варикио изјави дека Италија   Србија традиционално добро соработуваат во  борбата против организираниот криминал.Потсетувајќи дека Италија цврсто ја поддржува европската перспектива на Србија,Варикио рече дека таа поддршка придонела за конкретно ангажирање и соработка меѓу двете земји во разни области.

Во секторот за борба против организираниот криминал,традиционалната билатерална соработка се проширила и на секојдневните контакти со ЕУ и другите меѓународни органи вклучени во борбата против организираниот криминал,рече Варикио на отворањето на меѓународниот семинар на тема „Италијански,Бугарски и Балкански искуства во областа на истражувањето на конфискувањето и управувањето со имот стекнат во кривични дела“.

Според неговите зборови,двете земји цврсто соработуваат и разменуваат искуства во оваа област а регулативата која Србија ја усвоила на планот на борба та против организираниот криминал е инспирирана од италијанското законодавство во борбата против мафијата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.