Законот за лустрација да се продолжи за десет години!

Објавено на 4 март, 2013 во 19:01

Лигата на социјалдемократи на Војводина во Собранието на Србија ќе ја покрене иницијативата за продолжување на законот за лустрација за уште десет години, а веднаш потоа и да почне неговата примена, најави шефот на пратеничката група на оваа партија, Бојан Костреш.

Законот за лустрација,чие комплетно име е Закон за одговорност за кршење на човековите права,престанува да важи на 11 јуни годинава.

“Десет години на најразлични начини се избегнува тој закон да биде во употреба и Србија да се соочи со своето минато:војни,инфлации,изолација,сиромаштија и јазик на омразата.Ако законот не биде продолжен за 100 дена, Србија ќе ја изгуби таа шанса“,навел Костреш во соопштението.

Тој додал дека лустрацијата е важен фактор во борбата против корупцијата,борбата за независно судство,борбата против секаков вид на насилство и воопшто борбата за подобра иднина./Б.Н.Т

Извор:Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.