Најбогатата жена на светот: За Лилијан Бетанкур нема криза!
Оскарот за најбогата жена на светот и е доделен на Лилиан Бетанкур.
Богатството на наследничката на групацијата Лореал сега е проценето на 23 милијарди евра.
За една година, таа се збогати со дополнителни 4,6 милијарди што е 383 милиони евра месечно.
Ако препочитате, 13 милиони евра дневно! Очигледно без да работи. Во време на криза, овие бројки предизвикуваат несвестица, па дури и мачнина.
Меѓу богатите деведесетгодишници се вбројува и Кристи Волтон, наследничка на хипермаркетите Волмар. Таа предничи пред бројот еден по луксуз, Бернар Арнол директор на LVMH (22 милијарди евра).
Ова рангирање носи една од најважните лекции од кризата што ги ниша нашите економии уште од 2008година.
Колку повеќе кризата се заострува, толку повеќе ултрабогатите се збогатуваат.
Колку повеќе кризата предизвикува социјални проблеми, масовна невработеност, затворање на фабрики толку повеќе расте бројот на милијардерите во светот. Барајте ја грешката!
Според листата од 2012 планетата Земја има 1426 милијардери што е за 200 повеќе од годината пред тоа.
Во 2011-та тие имаа 3.600 милијарди евра. Сега нивното богатство надминува 4.200 милијарди./Н.Р
Извор : Marianne
