Берлускони осуден на една година затвор!

Објавено на 7 март, 2013 во 14:12

Силвио Берлускони беше осуден на една година затвор поради прислушкувањата на опозицијата и објавувањето на тајните разговори во 2005 година во весникот „Ил Џорнале“.

Поранешниот италијански премиер, ги отфрли сите вакви обвинувања, нарекувајќи ги шпекулации и најави дека ќе ја обжали ваквата одлука на судот. Ваквата одлука стигна во многу непријатно време за сопственикот на Милан поради фактот што тој веќе се соочува со судски процеси во кој е обвинет и за затајување на данок плаќање сексуални услуги на мароканска проститутка Руби, кова во времето на извршувањето на делото била малолетна./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.