Се преполни акумулацијата на Хидроелектраната Вишеград!
По информацијата за можно испуштање на водата од Хидроелектраната Вишеград и ризикот од предизвикување на силен бран,односно зголемување на водостојот од ХЕ Вишеград, министерствто за безбедност на Босна и Херцеговина ги презема сите мерки да ги предупреди надлежните во Црна Гора и Србија да ја избегнат таквата ситуација.
Контактирани се одговорните во ХЕ Мратиње во Црна Гора и шефовите на оперативно комуникациските центри во Србија и Црна Гора а министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ лично разговарал со своите колеги во Црна Гора и Србија при што ги предупредил за сериозноста на ситуацијата.
Во таа прилика биле повторени ветувањата и уверувањата дека нема да има неконтролирано испуштање на водата од ХЕ Мратиње,пренесоа медиумите во БиХ.
Како што е наведено,заедно со Владата на Босанско-подринскиот кантон и началникот на општина Горажд и тамошната Служба за цивилна заштита,министерството за безбедност на БиХ потполно се посветило на благовремено спречување на евентуален бран кој би можел да нанесе огромни економски штети на БиХ, загрозување на животи и имоти на луѓе и би влијаел на меѓудржавните односи во регионот./Б.Н.Т
