Скен на мозокот открива што мислите!

Објавено на 15 март, 2013 во 15:19

Скенирањето на мозокот сега им овозможува на истражувачите да знаат што точно мисли личноста.

Последниот научен пробив  дојде откако научниците го користеа скенирањето за директно да ги декодираат сликите од мозокот.

Истражувачите можеа да ги спојат броевите што ги гледа личноста, сеќавањата па дури и да реконструираат видеа ги гледала.

„Се обидуваме да ги разбереме физичките механизми што ни овозможуваат да имаме внатрешен свет, а дел од тоа е начинот на кој си ги претставуваме другите луѓе во нашиот ум“, рече Нејтан Спринг, когнитивен неуролог на Универзитетот „Корнел“.

Тимот на Спринг на 19 волонтери им даде описи на четворица измислени луѓе.

Карактерите имаа различни личности. Половина беа љубезни и отворени за соработка, а половина ладни и одбивни.  Половина беа опишани као отворени и дружељубиви, а половина како срамежливи и повлечени.

Научниците ги комбинираа половите на овие личности и им дадоа имиња како Мајк, Дејв или Ник, или Ешли, Сара, Никол, Џени за жените.

Мозоците на волонтерите беа скенирани со користење на слики од функционална магнетна резонанца. Технологијата ја мери мозочната активност преку промените во крвотокот.

Потоа од волонтерите се бараше да замислат како карактерите можат да реагираат во различни сценарија, како на пример, кога ќе видат ветеран бездомник што бара ситни пари или ако се наоѓаат во бар, а некој истури пијалок.

„Луѓето се социјални суштества, а социјалниот живот е комплексно место“ изјави Спринг.

„Клучниот аспект за навигација низ социјалниот живот е начинот на кој си ги претставуваме другите“.

Мозочната активност во создавањето слики за секоја личност беше поврзана со уникатна шема на мозочна активност во префронталниот дел на мозокот.  Ова е прва студија што покажува дека можеме да ги декодираме сликите што ги замислуваат луѓето, рече Спринг./Н.Р

Извор: Daily mail

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.