Грција го слави Денот на независноста!
Објавено на 25 март, 2013 во 09:50
Грчкиот претседател Каролос Папуљас повика на единство на национално ниво кое ќе овозможи да се ублажат последиците од кризата, да се заштитат слабите и да гледа напред со оптимизам.
Ова е дел од пораката на Папуљас по повод 25 Март, Денот на независноста на Грција, на кој се одбележува почетокот на грчката револуција против отоманската власт во 1821 година.
– Нашите мисли се со Кипар. Во овие критични моменти, зборовите сами по себе не се доволни, но потребни се нашата активна солидарност и поддршка – истакнува Папуљас.
Денеска во центарот на Атина традиционално ќе се одржи воена парада, а пред тоа ќе биде положен венец на гробот на незнајниот јунак на централниот плоштад Синтагма.
