Се поголем број Грците се за еврото!

Објавено на 1 април, 2013 во 16:30

Поголем број од граѓаните во Грција сакаат и понатаму да останат во евро зоната и се противат на враќање на драхмата во оптек и покрај ригорозните мерки кои веќе 4 години се на сила во оваа земја како и новонастанатата ситуација во Кипар.

Ова се резултати од две анкети кои неодамна се направени во Грција.

Првата анкета ја објавила компанијата Марк во која учествувале 1 000 испитаници низ Грција.

Резултатите кои вчера ги објавил дневникот „Етнос“ покажуваат дека дури 63,5 отсто од Грците сакаат да останат во евро зоната.

Враќањето на драхмата го поддржуваат 29,8 отсто од испитаниците додека 6,7 отсто не се изјасниле.

Анкетата е реализирана од 26 до 28 март,откако кипарскиот парламент го одобри реструктирањето на банките на островот во замена за помош.

Според другата анкета која ја објави  MRB Helas во истиот период и со речиси ист број на испитаници,поголем број од Грците се изјасниле да останат во евро зоната.

Дури 58,3 отсто од Грците се изјасниле дека сакаат да останат во евро зоната но со поинаква економска политика и оцениле  дека може да се реализира друга политика наместо стриктните мерки на штедење.

Со кипарската криза повторно оживеа дебатата за употреба на еврото./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.