БиХ: Неретва се излеа и го поплави Мостар!

Објавено на 1 април, 2013 во 17:13

Стариот град и поголем дел од Мостар се под вода откако Неретва се излеа од речното корито.  Под вода се најголем број угостителски објекти и куќи.

Поплавата на Мостар се случува по вчерашното невреме кога обилниот дожд го преполни одводниот систем кој не ја прифати огромната количина на вода која го поплави градот.

Поплавата направи штета и на приватните имоти и на земјоделски површини.

Исто така во Хрватска сите водотеци се во пораст, на сила се редовните мерки за заштита од поплави и тоа на реката Кипа кај Карловац како и низводно на реката Сава од Загреб до Јасеновац./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.