Запознајте вистинска сирена!

Објавено на 2 април, 2013 во 15:36

Вистинска сирена со опашка вредна 10.000 фунти плива со ајкули и медузи и го задржува здивот 5 минути. Линден Вулберт  работи низ светот како професионална сирена со полно работно време.

Таа за пливање  ја користи својата специјално направена опашка долга 1.8 метри. 32 годишната нуркачка и модел може да плива на длабочина од 35 метри и ги користи своите вештини за промоција на заштитата на окенаот и едукација.

Линден која е од Лос Анџелес, Калифорнија вели:  „Уште како бебе растев во вода. Обајцата родители беа спортисти пливачи. Секогаш му се радував на океанот во текот на нашите летни одмори. Водата ме привлекуваше. Отсекогаш сум била слободен нуркач, но не знаев дека овој спорт постои се до пред десет години. Веднаш потоа, почнав да тренирам. Слободното нуркање е 70% психологија. Морате да бидете смирени и спокојни во водата“.

Линден отсекогаш сонувала да стане сирена откако како дете ги гледала филмовите „Малата сирена“ и „Сплаш“, но желбата и се оствари дури откако го запозна холивудскиот мајстор за специјални ефекти Ален Холт.

Седум месеци работеа на опашката долга 1,8 метри направена од фиберглас моделиран според телото на Линден. Во внатрешноста има висококвалитетен силикон што опашката ја прави хидродинамична и ефективна во водата. Илјадници скрлушки се трпеливо изработени една по една во глина пред да се направат во фиберглас и финалната форма да се спои со силиконот. Целиот проект чини околу 10.000 фунти.

Покрај пливањето Линден која има диплома по филм и наука од Колеџот „Емерсон“  ја продуцираше едукативната веб серија  за деца „Минута за сирената“. Нејзините услуги ги користат голем број фондации за заштита на морињата ширум светот како и неколку добротворни невладини организации.

Линден работи и како сирена на ѕвездите и имала свои перформанси на голем број забави во Холивуд каде домаќини беа ѕвезди како Џесика Алба и Џастин Тимберлејк./Н.Р

Извор:DAILY MAIL

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.