Британија: Кризата удри и по бездомниците!

Објавено на 15 април, 2013 во 14:09

Во  една студена ноќ, 35 годишниот Данил Гонтлет го напушти позајмениот шатор и реши да се одмори на замрзнатата веранда, во бунгалов, во селото Ејлесфорд, во Кент. Пред Божиќ, Гонтлет беше упасен поради обивањето на истата таа куќа за да спие и обвинет за кршење на законите против скитање.

Таткото на две деца, легнал надвор на тремот да фати барем малку сон под влажна церада. Кога температурите паднале, починал од хипотермија.

Во истата саботна вечер уште еден бездомник, 45 годишниот Даглас Поинтон исто така починал во Ејлесфорд. Долгата зима си го зеде данокот од бездомниците чиј број во последните две години  драматично порасна за речиси третина.

Локалните власти отвораат центри за помош само кога временската прогноза најавува температури под нулата за наредните три дена. Смртните случаи се неизбежни кај ранливите групи на луѓе чиј животен век е за 30 до 44 години пократок од националниот просек.

Помеѓу 30 и 50% страдаат од ментални болести, многумина имаат аутизам. Кај нив е трипати поверојатно да починат од инфекции и четири пати поверојатно да починат од неприродна смрт.

Во Лондон службите се се помали, но наголемиот број добротворни организации се во главниот град, а повеќето од нив се посветени на згрижувањето на бездомниците.

Но, помалите градови и региони тешко се снаоѓаат со побарувачката на кревет и супа, а советите ги затвораат народните кујни под притисок на намалениот буџет.

Даниел Гонтлет не беше човек без пријатели. Како момче не бил брилијантен на училиште, но нашол работа во трговијата со старо железо, а работел и како декоратер. Се оженил со Кери и добил две деца. Сакал да продолжи да учи колку што може.

Неговата мајка, братот, сестрата и внуката живеат во Ист Мелинг, на неколку километри од местото каде што почина.

Здравјето на Гонтлет попушти, а депресијата го докрајчи. Тој ја изгуби работата и имаше финансиски проблеми. Бракот со Кери се распадна во 2006, кога таа се отсели со децата.

Данкан Шарбсол, началник на полицијата рече: „Бројот на бездомниците континуирано расте, не само во големите градови, туку и во помалите места. Од овој месец кризата ќе го погоди секој извор на фондови,секоја советодавна служба, секој центар. 2000 кревети во хостели веќе не постојат. Сеуште има некое сочувство кон бездомниците.. но никој не ги сака оние што се сметааат за антисоцијални и покрај фактот што тие почесто се жртви на злостор отколку злосторници“.  /Н.Р

Извор: GUARDIAN

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.