Таен самит на групата Билдерберг во Англија!

Објавено на 6 јуни, 2013 во 13:53

Вип личности од светот на бизнисот дојдоа во хотелот „Гроув“ во  близина на Ветфорд на четиридневна тајна конференција. Делегатите пристигнаа во автомобили со затемнети стакла, пренесе „Гардијан“.

Се очекува Делегатите на првитната конференција за врвните политичари и бизнисмени во светот денес да ја започнат конференцијата во луксузниот хотел.

Се зборува дека меѓу 130 личности присутни на конференцијата има милијардери, директори на мултинационални компании како „Амазон“ и „Гугл“, високи политички фигури вклучувајќи го Џорџ Озборн, па дури и членови на кралското семејство.

Обезбедувањето ги држи новинарите и демонстрантите надвор од кругот на хотелот.

Делегатите ќе заседаваат четири дена. Кога пристигнаа, демонстрантите маваа по нивните возила, но тие бргу исчезнаа на имотот на хотелот./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.