Анкара: Нови судири на демонстрантите и полицијата која користела солзавец и водени топови!
Премиерот Реџеп Ертоган ја отфрли можноста за распишување предвремени избори. -Не одлучувајте се за предвремени избори само затоа што луѓе маршираат на улиците,- рече Ердоган.
Полицијата во главниот град Анкара фрлала солзавец и користела водени топовиза да ги растера демонстрантите кои веќе втора недела протестираат против владата, пренесе BBC.
Околу 5000 луѓе се собраа на плоштадот Кизилај во центарот на градот. Протести денеска се одржаа и во Истамбул и во други турски градови. Протестите избувнаа откако полицијата со сила ги потисна оние кои сакаа да заштитат еден пар во Истамбул.
Во овој град се обединија навивачките групи. Илјадници навивачи на Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Трабзонспор заедно се приклучија на антивладиниот протест на плоштадот Таксим. Таму се собраа повеќе од 100.000 луѓе, јавуваат новинските агенции.
Атмосферата е тензична. Демонстрантите со знамиња, факели и извици бараат предвремени избори од премиерот Ердоган./Н.Р
