Берлускони за последен пат пред суд?
Берлускони конечно ќе ја слушне пресудата од долгогодишните секс-судења.
Бившиот премиер на Италија, Силвио Берлускони, во 2010 беше обвинет за сексуални односи со 17-годшна танчерка, мароканката Карима ел-Махруг. Тој редовно присуствуваше во судовите во Рим во изминативе дваест години и за други легални процеси.
Берлускони ги отфрли сите обвинувања за сексуални односи со танчерката. Од страна на ел-Махруг се слушнаа низа изјави по Римските судови и најразлични италијански и светски медиуми. Крајот на овој процес се очекува во понеделник, кога Берлускони ќе ја слушне крајната пресуда.
Моментално, партијата на Берлускони е дел од владината коалиција во Италија. Постојат сомневања дека негативната пресуда за Белускони, може да ја зголеми веќе постоечката политичка тензија, пренесува Гардијан.
Л.С.
