Македонците во Албанија без пратеник!

Објавено на 24 јуни, 2013 во 17:10

Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), потврди дека не успеала да обезбеди пратенички мандат на изборите во Албанија.

Како прва Македонка предложена од македонската партија, Валентина Нестро, не успеа да добие 3.500 гласови во Изборната единица Корча, пренесе А1.он.

Лидерот на МАЕИ, Едмонд Темелко, ја потврди веста, и изјави дека на овие избори, споредено со претходните, од 2009 година, бројот на гласови кои ги добила партијата  во местата каде што живеат поголем број Македонци се неколкупати поголеми.

Во Албанија сеуште се пребројуваат гласачките ливчиња.

Според досега преброените, коалицијата „Алијаса за европска Албанија“ предводена од социјалистите на Рама има освоено 51 пратеничко место, 47 социјалистите и четири Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета.

МАЕИ беше дел од коалицијата предводена од демократите на Сали Бериша која освои 36 пратенички места.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.