Судир на демонстрантите и полицијата во Бразил!

Објавено на 28 јуни, 2013 во 08:21

Во близина на стадионот сe судрија, синоќа, демонстрантите и полицијата во бразилскиот град Форталеза додека се играше полуфиналниот натпревар меѓу Италија и Шпанија во рамки на Купот на конфедерациите.

Судирот се случи во моментот кога демонстрантите се обидоа да преминат преку оградите поставени на улиците околу стадионот.

Таму стигна поворката на демонстранти составена од околу 5 илјади луѓе која претходно мирно протестираше по улиците на Форталеза.

Полицијата интервенираше со солзавец. Имаше демонстранти кои мирно протестираа па тие ги повикаа останатите да прекинат со насилство.

Синоќа мирни протести имаше и на улиците на Рио де Женеиро. Во Бразил се протестира две недели против социјално – економската политика и корупцијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.