Во Чешка дозволени таблети за абортус!
За прекинување на раната бременост, во Чешка, е дозволено да се користат таблети, соопштија медиумите.
Државниот завод за контрола на лекови соопшти дека таблетите за прекинување на бременоста се регистрирани во земјата и за неколку месеци првите пратки ќе бидат достапни за жените.
Но, таблетите „Миспрегнол“ и „Мифегин“ нема да се купуваат во аптека туку ќе ги има само во болниците и гинеколошките центри со болничко сместувње.
Со контрола на лекар жените ќе добијат доза која го усмртува ембрионот, најдоцна до 49 недела, а по 3 недели ќе следи и втората доза за исфрлање на плодот од телото. Лекар ќе ја контролира здравствената состојба на жената.
Таблетите ги произведува француската фирма „Роусел Уклаф” и се употребуваат повеќе од две ипол децении.
