Успорен преминот на камиони од Србија во Хрватска!

Објавено на 2 јули, 2013 во 19:45

Колоната камиони, кои чекаат за влез во Хрватска во моментов е подолга од десет километри, јави Б92.

Камионите се паркирани во две колони, а околу 1200 возачи со нетрпение очекуваат да се нормализира ситуацијата на граничниот премин од хрватска страна.

 

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека е формирана колона од камиони долга петнаесетина километри.

Повеќето камиони кои чекаат да излезат од Србија се од Бугарија и Турција. Неизвесно е до кога тие ќе останат на граница. Без застој на хрватска страна од Србија дневно можат да преминат околу 800 камиони.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.