Се скрши гранка од дрво и усмрти туристка во автокамп кај Дубровник
Објавено на 14 јули, 2013 во 14:07
Романска државјанка загина денеска во автокампот Орашац кај Дубровник кога врз шаторот во кој се наоѓала паднала гранка од дрво, соопшти хрватската полиција.
Скршената гранка паднала директно врз главата на 30 годишната жена нанесувајки и повреди од кои починала на лице место.
Полесно повредена била нејзината сестра. Во шаторот се наоѓале четворица државјани на Романија. Полицијата по налог на јавното обвинителство направила увид на лице место.
