Од тропски температури починаа тројца во Јапонија

Објавено на 14 јули, 2013 во 14:21

Жештините кои денеска ја зафатија Јапонија однесоа три животи. Уште тројца се во тешка здравствена состојба од вкупно 613 кои биле примени во болница поради топлотниот бран.

Со последните три жртви вкупниот број на починати во Јапонија,од почетокот на јули, се искачи на 17 лица. Лекарска помош побарале и биле задржани во болница вкупно 7.000 граѓани.

По 1961 година ова е најжешкиот јули. Во повеќето јапонски префектури температурите , во изминатата недела, не паднаа под 35 степени целзиусови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.