Во Грција и денеска штрајк
Објавено на 17 јули, 2013 во 07:54
На повик на синдикатите, кои се противат на донесување на пакетот-закони за преструктуирање на државниот сектор и денеска се одржува генерален штрајк.
Со законите освен редуцирање на државниот сектор, се предвидуваат и нови даноци и други измени во замена за продолжување на меѓународното финансирање на земјата.
Денеска попладне ќе се одржи митинг во Атина, а вечер на плоштадот Синтагма во центарот на грчкиот главен град ќе се одржи протестен собир пред зградата на Парламентот за време на гласањето по пакетот закони.
Според најавите ќе се штрајкива и утре кога во Грција треба да пристигне германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
