Западно нилскиот вирус нападна во Грција!?
Објавено на 17 јули, 2013 во 13:28
Хоспитализиран е првиот сериозно инфициран со западнонилски вирус во Грција. Како што јавија тамошните медиуми се работи за 77 годишен жител на источна Атика. Тој е во болница заради лекување на централниот нервен систем.
Било потврдено дека инфицираниот во скоро време не патувал во странство, а развил енцефалитис откако бил заразен од вирусот што го пренесуваат комарци.
Центарот за контрола и превенција на болести води кампања за подигнување на јавната свест за подобра заштита од комарци, кои годинава во Грција се појавија многу порано и во голем број поради невообичаено топлата пролет.
