Продолжи судењето за „Коста Конкордија“
Во Гросето, Тоскана, денеска продолжи судењето на капетанот на бродот „Коста Конкордија“ кој доживеа хаварија пред италијанскиот брег на 13 јануари минатата година. Франческо Скетино е обвинет за убиство од небрежност на 32 лица, пренесува Дојче Веле.
Одбраната на обвинетиот капетан на бродот „Коста Конкордија“ понуди спогодување. Адвокатот на Франческо Скетино изјави дека неговиот клиент би признал дел од вината доколку казната биде ограничена на максимум три години и пет месеци затвор.
„Коста Конкордија“ удири во карпите пред брегот на островот Џилио при рискантен маневар.
Скетино го напуштил бродот и не се вратил назад и покрај неколкуте барања на пристанишните власти да го стори тоа, додека најголемиот дел од патниците се обидувале да се спасат.
Бродот до денес е во водите пред брегот на островот. Тој треба да биде тргнат од местотo на несреќата во септември.
