Секој трет французин во минус на сметката!
Објавено на 17 јули, 2013 во 18:33
Истражувањето на Panorabanques.com. покажува дека близу една третина од Французите се во недозволен минус на тековната банкарска сметка најмалку еднаш месечно.
Околу 28 проценти од Французите го надминуваат дозволениот лимит на банкарската сметка најмалку еднаш месечно за да ги помират секојдневните животни трошоци.
Секој трети Французин со нето месечни приходи помали од 1.500 евра е принуден да биде во недозволен минус, а со приходи поголеми од 3.000 евра месечно, секој осми жител на Франција.
Надминувањето на дозволениот минус на годишно ниво ги чини граѓаните меѓу 180 и 240 евра.
