Грција усвои нови мерки за штедење!
Објавено на 18 јули, 2013 во 12:00
Новиот пакет на мерки за штедење што ог усвои грчкиот парламент вклучува отпуштање и преместување на 25.000 вработени во јавниот сектор, и покрај масовните протести против реформите, кои се неопходни за продолжување на исплатата на меѓународната помош.
Парламентот во Атина доцна синоќа го одобри законот, кој е неопходен за Грција да ја добие следната транша од помошта од 6,8 милијарди евра, пренесува Франс прес.
Ова е прв голем тест за конзервативниот премиер Андонис Самарас откако левичарска партија минатиот месец ја напушти неговата коалициска влада, пренесува Блиц.
Спроти гласањето околу 3.000 луѓе мирно протестираа пред зградата на парламентот во центарот на Атина.
