Вулкан во Исланд го затвори небото

Објавено на 29 август, 2014 во 14:24

Исландската метереолошка служба го крена нивото на авио предупредувањето во близина на вулканот Бардарбунга во црвена, по ерупцијата што почна во текот на ноќта.

Научниците велат дека ерупцијата направи пукнатина од еден километар, по што лавата почна да истекува во поле северно од глечерот Ватнајакул.

Претставници на Цивилната заштита, изјавија дека исландската Контрола на летање го затвори воздушниот простор над ерупција на висина на 1.500 метри.

Вулканот се активира по неколкуте неодамнешни потреси.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.