Хрватска одбележува четири децении од најголемата железничка несреќа

Објавено на 30 август, 2014 во 07:51

Најголемата железничка несреќа во Хрватска и тогашна СФРЈ, во која загинаа повеќе од 167 лица, а некои не можеле да бидат ни идентификувани, се случи пред 40 години на загрепската Главна станица.

Меѓународниот воз од Атина, преку Загреб до Дортмунд, поради преголема брзина на кривината пред станицата излетал од шините.

Возот во кривината влегол со брзина од 100 километри на час, иако дозволената брзина била двојно помалку, што предизвика оштетување на ваганоите и нивно превртување.

Новинската агенција ХИНА потсетува дека вагоните со загинатите и повредените останале распрснати низ целото подрачје, давајќи ужасна глетка, а подоцна повеќето од нив се погребани во заедничка спомен гробница на Мирогој.

За несреќата, во која преживеаа 90 патници, одговорни беа машиновозачот – осуден на 15 години затвор и неговиот помошник – осуден на осум години затвор. Со истрагата бше утврдено дека тие работеле вкупно 45 часа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.