Хрватските агенти не можат да прислушуваат без налог
Објавено на 1 септември, 2014 во 13:27
Хрватската Централна разузнавачка агенција (СОА) денеска за прв пат објави документ, кој обезбедува преглед на безбедносните и разузнавачките активности и поставува визија со планови за нејзиниот иден развој.
Документот ги поставува целите и задачите на СOA, кој забележува дека тоа не е репресивен орган и нема овластувања да користи присила против граѓаните.
Нејзините агенти мора да се легитимираат со службена легитимација и значка, а разговорите со граѓани во просториите на СОА, може да се врши само со нивна согласност. Државата не може да прислушува разговори без одобрување од Врховниот суд, но, може да добие листа на телефонски повици и тајно да следи и снима луѓето на јавно место.
