Босна апси вахабисти

Објавено на 3 септември, 2014 во 07:35

Членовите на босанската Агенцијата за агенција за истраги и заштита (СИПА)изутрината по налог на Обвинителството, уапси 17 лица поврзани со вахабистичкото движење.

Акција со кодно име “Дамаск” беше спроведена во 15 градови во Босна и Херцеговина. Овие луѓе се осомничени за финансирање терористички активности, јавно поттикнување на терористички активности, регрутирање и организирање на терористички групи, се вели во соопштението на СИПА.

Потегот е во насока на изнаоѓање на докази кои покажуваат поврзаност на уапсените со државјаните на БиХ, кои се вклучени во војните во Сирија и Ирак на страна на радикалните терористички групи и организации.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.