Закани за обезглавување на косовски новинар
Објавено на 4 септември, 2014 во 08:12
Новинарот Висар Дурики од Косово добил закани од верски фундаменталисти дека ќе биде обезглавен.
Организацијата Репортери без граници соопшти дека е мошне загрижена за судбината на Висар Дурики и го повика косовското Министерство за внатрешни работи да го заштити новинарот.
Дурики покрива теми поврзани со верскиот екстремизам. Во повеќе написи тој го опишува начининот, на кој млади косовски граѓани се врбувани да заминат на џихад во Сирија.
