Продолжуваат протестите против мерките за штедење во Грција
Објавено на 6 септември, 2014 во 07:22
По вчерашните демонстрации во Грција и денеска се најавени протести на политички организации и на вработени против мерките за штедење.
Во Солун вчера демонстрираа повеќе од 2.000 полицајци, пожарникари и припадници на крајбрежната стража.Во протестите се вклучија и други лица меѓу кои и пензионери и градоначалникот Јанис Бутарис.
– Ја повикуваме Владата да не почитува и да не заштити за да можеме да се избориме со предизвиците и ризиците на нашата професија, наведоа учесниците на протестот во соопштение.
Синдикатите се противат на намалувањето на платите и пензиските реформи, пренесува МИА.
